По логиката на Геровски, и неговото пријателство со Хипо Пешевски е спорно?!

Објавено на 02.08.2019 во 14:40:14 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Геро сам изјавува многу често дека бил близок пријател со Хипо Дил Ориентед Пешевски.

Потоа се покажа дека Пешевски бил дел од многу скандали, тешки криминали за што е обвинет од СЈО.

Да не зборам па за обидот да претепа новинар во сред бел ден во центарот на Скопје.

По што е Боки 13-ка полош од Хипо Пешевски?

Но Геро сега бара оставка од сите кои се дружеле со Боки 13-ка, самото дружење со него и што дозволиле некој да ги злоупотреби било доволно за политичка одговорност, вели Геровски. 

Но зошто тој тогаш не понесе некаква одговорност за блискоста со Хипо Пешевски кој и го бранеше со колумни?!

Значи Геро има право да се дружи со криминалци и бараби и преваранти, но никојо од СДСМ не смее да направи слична грешка?!

Не може во СДСМ да знаат кој што намера има и што прави скришно од очите на другите, самиот шокантен стил и начин на облекување не е доволна причина да се сомневаме во некого.

Боки 13-ка не измами сите, играше на картата на голем хуманитарец и на таа карта се врати на голема врата во медискиот бизнис.

Памет за друг пат да внимаваме сите, но вакви измами ќе има секогаш, и ги има и секаде, се сеќавате ли на големиот скандал од 90-тите со Соња Николовска, Киро Глигоров и даде орден за најдобар бизнисмен па таа потоа измами 10 000 Битолчани од кои десетици се обесија и умреа од стрес за изгубените над 100 милиони евра кои потоа државата мораше да ги враќа со години...

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија