Масакaр во Загреб: Убиени се двајца мажи, три жени и 10-годишно дете – убиецот се самоубил

Објавено на 02.08.2019 во 13:23:04 часот | Балкан

Во населба во Загреб синоќа околу 21.30 часот се случи шесткратно убиство во кое се убиени двајца мажи, три жени и 10-годишно дете. Тоа го соопшти утрово загрепската полиција.

Претходно, локални медиуми јавуваа за четири убиени деца.

Преживеано е само седуммесечно бебе кое не е повредено.

На местото на масакрот се уште се врши увид, јавија загрепски медиуми.

Убиецот според полицијата, извршил самоубиство. Локалните медиуми јавија дека можна причина за убиството е семејно насилство.

 

 

* реклами:

Балкан

Македонија