ТРЕБА ДА СИ ЗЛОБНА ОТРОВНА ЗМИЈА ВО ЧОВЕЧКА КОЖА ЗА ДА ТВРДИШ ДЕКА СДСМ ВЛАДЕЕ ИСТО КАКО ВМРО ДПМНЕ, ТОА Е ПРОСТО ПОВЕЌЕ ОД ЛАГА, ТОА Е ЗЛОБНА ИЗМАМА, НАВРЕДА ЗА СИТЕ НАС ШТО СМЕ ЈАДЕЛЕ ШИПКИ ПО ЛЕЈКИТЕ!

Објавено на 02.08.2019 во 11:38:50 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Колку треба да си една расипана змија отрвовна за да упорно тврдиш дека оваа власт владее исто како претходната а добро знаеш дека не е така?!

Тоа тврдење не е само обично мислење, тоа е една отровна опасна измама, навреда дури за сите нас што имаме мозок а добро знаеме како се живееше под 10-те години Груевизам.

Мисловна именка беше да влезеш во владата како критичен новинар, не па да ти дозволат да му поставиш прашање на Груевски.

Дури и тие што имаа можност да го прашаат Груевски не само што беа од одбрани медиуми туку истите мораа да постават претходно одобрено нарачано прашање напишано на ливче лично од ПР тимот на Груевски.

Опасноста некој да те претепа во некое темно ќоше беше огромна, опасноста да останеш без работа, да ти го снема медиумот, да те затворат, да те казнат со огромни казни додека не молиш да смениш страна и земеш членска книшка на ВМРО ДПМНЕ пред камерите на Сител беше огромна...

Судството и обвинителството го водеа типови како Марко Зврле, Јово Превара и Владо Панчевски кои седеа на маса со Сашо Мијалков и Грујо кај Амди Бајрам во Шутка на ромски бал...

Мафијата владееше со земјава, олигарсите блиски со Груевски за 10 години од мулти-милионери станаат милијардери со моќ да го купат целиот приватен здравствен систем во соседна Бугарија, членка на ЕУ?!?!

Богаташи кои имаа текстилни компании и продавници за патики станаа најголеми фармери, пекари, млекари, банкари и медиски и здравствени моќници?!?!

Земјата тонеше како во жив песок на сите мерила, добиваше негативни оценки на сите мерни табели по сите прашања, земјата тонеше во етнички тепачки на Кале и по ЈСП автобуси, земјата се изолираше од соседите и од ЕУ и светот...

Молкот стравот и бегството од земјата станаа норма на живеење. И сега сето тоа го нема.

И сега во 2019-та да тврдиш дека се е исто, треба навистина да си расипано љуобоморно клето копиле луто што на Бихачка не му се паднала некоја добра улога при делењето на картите...

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија