Според грчкиот весник Катимерини, Ердоган изјавил пред членовите на неговата партија (Партија на правдата и развојот) дека одлуката на Вашингтон да ја исклучи Анкара од нејзината програма за развој нема да ја спречи Турција да ги исполни своите потреби за воено воздухопловство.

САД објавија дека ќе ја исклучат Турција од програмата Ф-35 откако Анкара го купи рускиот ракетен одбрамбен систем С-400, кој му се заканува на Вашингтон.

Американските власти, исто така, се заканија дека ќе воведат санкции за Турција, а официјална Анкара ги отфрла овие предупредувања.

Ердоган рече дека се надева оти американските официјални претставници ќе бидат разумни во врска со санкциите, додавајќи дека Турција исто така би можела да ја преиспита својата одлука да купи нови авиони на Боинг од САД.

- Нема да ни дадете Ф-35? Океј, тогаш извинете, но ќе мораме да преземеме мерки по ова прашање и да се свртиме на друго место - рече Ердоган.