КАРАКАЧАНОВ: ЗАЕВ И БОРИСОВ ЗА ДВЕ ГОДИНИ НАПРАВИЈА ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ДРУГИ ВЛАДИ ЗА 20 ГОДИНИ

Објавено на 24.07.2019 во 01:24:18 часот | Македонија

„Нема што да делиме ние во историјата и да ги дефинираме противречностите меѓу двете држави. Но, тоа е тема  која создава тензии меѓу луѓето изјави денеска од Охрид бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов давајќи и целосна поддршка на земјава за ЕУ интеграциите иако лани отворено порача дека ако не падне договор за заедничката историја земјава нема да има поддршка од Бугарија.
 
„Комисиите се состануваат, се оди во вистинска насока. Ние се разбираме и без преведувач, но тоа прашање сепак бара решение затоа што создава тензии меѓу луѓето. Сметам дека процесот се одвива во вистинска насока, но да ги оставиме историчарите да работат на услогласување на ставовите,,,Наместо да се враќаме во минатото и да ја бараме вината во други, заеднички да одиме напред во еден процес што е добар за граѓаните на нашите држави.
 
Каракачанов е оптимист дека земјава уште оваа есен ќе добие позитивни вести.
Сметам дека уште оваа есен ќе имаме добри вести за Македонија по однос интегрцијата во ЕУ, отпочнување преговори за членство, процес што ќе продолжи, но јасно ќе ја зацрта трасата на Македонија на патот кон европските вредносни системи и европското семејство,

Заедно со министерот Оливер Спасовски денеска во Охрид потпишаа и протокол за борба против трговија со луѓе за кој меѓудругото велат дополнително ќе ја подобри соработката меѓу двете земји.

„Станува збор за исклучително важен протокол со кој на повисоко ниво се подига соработката, размената на информации, оперативното делуивање на двете држави против трговијата со луѓе, како предизвик со кои се соочуваме и со кои ќе се справуваме со иднина. Таму каде има миграции има и трговија со луѓе. Мошне е важно соработката во областа на безбедноста да биде ефикасна, со што ќе испатиме порака дека балканските држави се подготвени за ефикасна борба, за една взамена соработка и оти можат да бидат кредибилни партнери на ЕУ, рече Спасовски по потпишувањето на протоколот.

Бугарскиот министер неколкупати повтори дека  Бугарија ќе продолжи со политиката да ги поддржува сите држави од Западен Балкан во нивните евроатлантски интеграции.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет