Владата им даде на Охрид и Струга 10 дена да донесат план со рокови за спроведување на препораките на УНЕСКО

Објавено на 24.07.2019 во 00:52:09 часот | Македонија

Владата денеска на  144-тата седница донесе одлука да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и им препорачува на општините од регионот да прогласат мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата им препорачува на општините Охрид и Струга во рок од десет дена да изготват акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО за обврски од надлежност на општините и во рок од два дена по усвојување на акциските планови од страна на советите на општините, да ги информираат Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Овие министерства со одлука на денешната седница се задолжени да ја координираат меѓуинституционалната активност за спроведување на препораките на УНЕСКО и еднаш месечно да ја информираат Владата за прогресот во имплементација на препораките.

– Владата на седницата  ја усвои Информацијата за учеството на делегацијата на Република Северна Македонија на 43-тиот состанок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан, и уште еднаш ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на Охридскиот регион како светско наследство впишано во листата на УНЕСКО, наведува прес-службата.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет