Изјава на Катерина Талимџиоска, раководител на градинката „Работнички“ при ЈОУ ДГ „Наша иднина“ – Прилеп:

Успешните политики на Владата и Министерството за труд и социјална политика даваат реални и видливи резултати кои, почнувајќи од 1.јули 2019 година, директно ги почувствуваа вработените во градинките. Имено, со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, за 16 отсто се зголемија платите на воспитувачките, негователките, стручните работници и соработници.

Истовремено, за 5 отсто се зголемија и платите на помошно-техничкиот персонал со Колективен договор потпишан со синдикатот. Тоа значи дека 150 воспитувачи, негуватели, стручни соработници и технички персонал, вработени во прилепските градинки, добија повисоки плати. Дополнително, од месец септември 2019 година, следува ново покачување на платите за сите вработени во градинките во висина од 5 отсто, со што личните примања на вработените во градинките „Наша иднина“ – Прилеп, ќе бидат зголемени и до 5.000 денари.

Почитувани,

На задоволство на нас вработените во градинките, Министерството за труд и социјална политика и локалната самоуправа – Прилеп, во континуитет инвестираат во подобрување на условите за работа на персоналот, како и за престојот на децата. Конечно, со сето ова, вработените можат да кажат дека се враќа достоинството на персоналот кој се грижи за децата во градинките, а истовремено се  подобрува  целокупниот квалитет на воспитно – образованиот процес за најмладите.