КАТИЦА ОБВИНЕТА ОД ПОРТАЛ ДЕКА СЕ ВПУШТИЛА ВО КРИМИНАЛ ЗА ДА МУ ЌАРИ 30 000 ЕВРА НА СВОЈОТ ДЕЧКО: Ексдиректорот на МЕПСО купил на попуст стан кој Катица Јанева не го замрзнала

Објавено на 23.07.2019 во 17:52:06 часот | Македонија

Сашо Василевски, разрешениот генерален директор на МЕПСО, купил стан од фирма на осомничен во истрагата „Поштенска банка“, имот кој СЈО не побарало од судот да го замрзне.

Од преписот во скопскиот катастар до кој дојде „А1 он“ и од дополнителната проверка во електронскиот систем може да се види дека станот од 109 квадрати и пет квадрати гаража, Василевски, кој важи за близок човек до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, го купил на 30 октомври 2018 година по цена од 80 илјади евра.

Ова се случило само 17 дена откако СЈО ја отвори истрагата за предметот „Поштенска банка“, каде што осомничен бизнисмен е токму сопственикот на фирмата „Бентон“ ДООЕЛ експорт-импорт од Гевгелија, Томе Главчев, oд каде што е купен станот. Извори од СЈО за „А1 он“ велат дека Катица Јанева кажала тој стан да не биде замрзнат, бидејќи наводно бил проблематичен. Сите решенија од СЈО се со потпис на Јанева. Од скопскиот кривичен суд рекоа дека за овие прашања може да одговори само СЈО, но и од таму одговор на прашањата досега не доставија.

„А1 он“ дознава дека станот во скопски Карпош на улица Орце Николов Василевски го купил со кредит од банка од 55 илјади евра, а останатите ги доплатил. Станот е ставен под хипотека, а банката ѝ ги уплатила парите на фирмата на Главчев. Тоа значи дека еден квадрат од станот го купил за приближно 730 евра од квадратен метар, иако во овој дел од градот цените на становите надминуваат 1.000 евра од квадратен метар.

Повеќе на А1он на следниот линк.

Ова е чудно обвинување на сметка на Катица, таа има плата од 3000е, исто толку плата има и овој екс директорот на МЕПСО, што значи они за една година може да запечалат пари за еден стан, и зарем би ризикувале да одат во затвор и се што имаат да изгубат за едни мочани 30 000е?! Но медиумите за тоа постојат, да копаат за можните злоупотреби, но дали тие се случиле е друга работа.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет