ПЕТАР КОЛЕВ: ПРЕМИЕРЕ, ЗА НОВ ИЗБОРЕН МОДЕЛ НЕ СИ СПРЕМЕН ДА ОБЕЗБЕДИШ 81 ПРАТЕНИК НА ТВОИТЕ КРЕАТИВНИ НАЧИНИ?!

Објавено на 23.07.2019 во 16:42:13 часот | Македонија

 
Денеска, претседателот на ГДУ, Петар Колев одржа прес-конференција. 
Текстот ви го испраќаме интегрално:
 
 
Почитувани,
 
За да го отвориме и смениме Уставот и со тоа уставното име на државата, 
„креативноста" на премиерот и Владата обезбедија 81 пратеник. За да го 
изгласаме новиот закон за Јавно обвинителство истата „креативност" ќе 
обезбеди 2/3 мнозинство. Но, за промената на изборниот модел и 
финансирањето на политичките партии, како и професионализација на ДИК, е 
тука нема „креативност".
Каде тоа во цивилизираниот и демократски свет, владата и политичарите 
одлучуваат кој јавен обвинител на каква позиција ќе биде? Дајте ми еден 
пример од европските земји, само еден!
 
Кога некој ќе ги искритикува овие двојни аршини, добива или медиумска 
блокада или канонада од етикети и тролови. Баш во духот на европските 
вредности и демократските заложби.
 
Некој или лажел во изборната кампања ветувајќи мерки за 
демократизацијата на Македонија и разбивањето на политичкиот монопол, 
како и промени во насока на владеење на правото и правната држава или 
сфатил пост- изборно дека тој монопол најмногу му одговара нему.
 
Македонија е мала земја со огромна администрација за жал. Таа не би 
можела да се развива ако овој политичко-партиски тумур продолжува да ги 
парализира институциите и да ги консумира средствата преку плати за 
партиски војници, како и рекет и корупција. Потребно е РЕСТАРТ на 
СИСТЕМОТ, а тоа започнува со промена на изборниот модел, преку кој се 
создава парламентот во земја која себеси се декларира за парламентарна 
демократија.
 
Реформите треба да започнат од врвот на пирамидата, Македонија како една 
изборна единица со отворени листи и 90, а мислам дека и 60 пратеници се 
доволно. Ова е европски модел и ако навистина тежнееме кон Европа, тогаш 
треба да ги применуваме европските пракси. Владата согласно европските 
видувања би требало да има не повеќе од 15 ресори и 15 министри. Па од 
таму да започне кратење надолу по вертикала.
 
Судството, безбедносните служби и МВР, таа „рак рана“ на нашето 
општество, нема како да се реши со козметички мерки. „Ветингот" е процес 
на барање на нови господари. Ќе боли и тука, бидејќи ќе се случат 
реизбори, распуштање на цели безбедносни структури и формирање од ново, 
како и модернизација на МВР преку современи технички и технолошки мерки. 
Време е за масовно пензионирање во оваа структура и давање шанса на нови 
и млади кадри. И тука без креативност не може, но и не гледам ништо 
страшно ако побараме помош од нашите евроатлантски партнери.
 
Идејата на г. Села за странец кој ќе застане на чело на обвинителството 
е прогресивна. Зошто да не ангажираме Германец, Американец, Швеѓанец или 
кој и да е, па и сами да се увериме дека македонскиот систем може да 
функционира. Но потребна е креативност нели и таква креативност која 
нема да е за „една" употреба.
 
-- 
Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија - ГДУ
1000 Скопје , Ул.Скопска 9/А
web:www.gdu.org.mk

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет