ПАДНАЛ ДОГОВОР ВО БЕЛАТА ПАЛАТА: ГЕРО И МИЛЧИН, НОВИТЕ ЛИДЕРИ НА ОПОЗИЦИСКИОТ ФРОНТ, ЗАМЕНА ЗА БЕТМЕН ВЕЛИТ И ИГОР ДУРЛОВСКИ?!

Објавено на 23.07.2019 во 15:55:06 часот | Македонија

Мактел дознава дека ВМРО ДПМНЕ спремало протести оваа есен кои ќе биле увертира за изборите кои се спремаат догодина.

Намерата било фронтмени на овие протести да бидат толкму Бранко Геровски и режисерот Владе Милчин.

Затоа овие денови тие двајцата жестоко распалија по премиерот Заев, Геро го обвинува за криминал а Милчин го обвинува за продажба на националните интереси?!

Во ВМРО ДПМНЕ процениле дека за да го победат Заев ќе им треба многу неопределени и многу разочарани членови и симпатизери на СДСМ, дел од она националистичко крило кое не може да се согласи со Заев за договорите со Грција и Бугарија. Слично што направија со Гордана Сиљановска како поранешна министерка во влада на Бранко од 90-тите.

Се сметало дека Геро и Милчин ќе бидат уште посилен ПР пар од што беа Бетмен и Дурловски па дури и од што беше Сиљановска, но и таа ќе била дел од играта, ќе била носител на партиска листа. Се алудирало на популарноста на Геро како голем новинар и на славата на Милчин како голем режисер и поранешен најславен Анти-ВМРОВЕЦ кој сега е разочаран од СДСМ, тој требало да биде олицетворение на разочарувањето, симбол на тој збор.

Плус со својата уметничка нишка да му даде шмек на тој опозициски фронт кој во основа ќе биде една орда небањати фашисти, како и секој вмровски протест секогаш досега.

Дури во Белата Палата размислувале да им понудат на Милчин и Геро да бидат членови на ИК, највисокото партиско тело на ВМРО ДПМНЕ, со што симболично ќе прателе порака за македонско обединување против клетите мрачни сили, а тоа нормално се, странците, Албанците, соседите и фановите на Заев и Шеќеринска кои ќе биле престравувани како новите Груевци...

Дури се преговарало и со лидерот на Шарените, Павле Богоевски кој сите ги изненади со изјавите последните денови во кои побара ревидирање на сите истраги на СЈО и укинување на ИМПЕРИЈА за Орце Камчев?!?!

Абе лудило ќе биде оваа есен, да ги видиш Владе Милчин и Геро предводници на ВМРО-вците, дури и либералката и комуњарка Гордана Сиљановска има да си ги исповрати цревата... Па уште и Павле Богоевски ако го видиме како фрла кондоми со боја кон владата, тоа ќе биде премногу дури и за нашата луда држава.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет