ВМРО ДПМНЕ ПРЕКУ СВОИТЕ КУРТОНИ БОМБАРДИРА СО ЛАЖНИ ВЕСТИ - Обвинителката Лиле Стефанова: Не е точно дека сум уапсена!!

Објавено на 23.07.2019 во 11:43:52 часот | Македонија

Oбвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, ја демантира информацијата дека е уапсена. Оваа информација утринава се појави на социјалните мрежи, но и во неколку медиуми. Откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја отвори истрагата за случајот „Рекет“, дел од медиумите постојано го споменуваат нејзиното име, но обвинителката воопшто не е осомничена.

-Најостро ја демантирам информацијата дека сум била уапсена. За секоја идна шпекулација ќе превземам соодветни законски мерки, изјави обвинителката Стефанова за „Фокус“.

Претходно медиумите шпекулираа и дека е извршен претрес кај обвинителката, но таа информација лично ја демантираше Стефанова, но и обвинителката Вилма Русковска, која ја води истрагата.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет