СИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД ВИЛМА - Села: „Бомбите“ да бидат доказ и во новото СЈО, а обвинителот да биде странец

Објавено на 23.07.2019 во 11:22:31 часот | Македонија

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вели дека тие како партија се во тешка ситуација дали да го поддржат или не Законот за јавно обвинителство зошто во секој случај ќе има амнестирани.

Освен тоа на чело да биде Вилма Русковска, Алијансата има и други забелешки кои ќе ги вградат во амандмани. Меѓу нив се, „бомбите“ да се користат како докази и во новото обвинителство што го наследува СЈО, во Советот на јавни обвинители да не смее да има партиски членови, поранешни државни функционери кои биле членови на партија, како и тоа и јавниот обвинител да биде експерт од странство.

– Законот кој се предлага има за цел да се амнестираат и да не се користат како материјални докази сите прислушувани разговори кои беа предмет на политичката криза. Ние како партија заинтересирана за вистински реформи сме во многу тешка ситуација. Не поддржувајќи го законот, амнестирани ќе останат корумпираните и оние што ја злоупотребиле службената положба, а гласајќи за ваков предлог закон ние пак ќе ги амнестираме сите, бидејќи законот важи отсега па натаму – вели Села.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет