Ниту еден обвинител досега не бил повикан да даде исказ – завршено е вештачењето на телефонот на Јанева

Објавено на 23.07.2019 во 10:59:21 часот | Македонија

Ниту еден обвинител од специјалното обвинителство досега не бил повикан на распит за случајот „Рекет“, потврди републичкиот обвинител за 1ТВ. Јовевски, како и ПР службата на обвинителството потврдија дека ивештајот од вештачењето на телефонот на Катица Јанева е пристигнато до обвинителството за организиран криминал и корупција, но во интерес на истрагата велат дека не можат да соопштат какви се наодите.

Вториот телефон на Јанева кој го пријавила како изгубен се уште не е лоциран. Телефоните беа потребни за Обвинителството за гонење организиран криминал и корпција да утврди каква комуникација имала Јанева со првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски откако шефицата на ова обвинителство рече дека на една од снимките доставени во ОЈО задно со пријавата, се слушал гласот на обвинителка, како зборува на интерфон со осомничените за Бојан Јовановски и Зоки Кичеец. Катица Јанева до овој момент не е под истрага и за неа нема ПИ мерки – ова го поврди обвинителската Русковска во една од своите изјави за медиумите бидејќи истражителите се уште немале доволно докази за директна поврзаност во кривичното дело за кое две лица се веќе во притвор, но од обвинителството велат дека се очекува истрагата да се прошири. Не соопштуваат дали и кога ќе бидат повикани на распит обвинителките од специјалното обвинителство кои сами се понудиле да дадат исказ.

„Не го земајте здраво за готово тоа што две обвинителки сами се пријавиле да дадат исказ. Обвинителката ќе го повика на распит секој што смета дека ќе биде од помош за истрагата велат од ОЈО за организиран криминал и корупција.

Вчера беше и запленет глисер во сопственост на второосомничениот во „Рекет“, Зоран Милевски – Кичеец, по барање на обвинителството. Истрагата за случајот „Рекет“ беше отворена пред точно 7 дена, а оттогаш и шефицата на специјалното обвинителство е на боледување. Јанева во исто време изјави дека се повлекува од функцијата, но ќе остане на чело на СЈО се додека обвинителството не добие нов шеф. Цела недела Јанева е недостапна за јавноста, а нашите извори велат дека од пред неколку денови таа се наоѓа во родната Гевгелија. Првите денови од боледувањето, Јанева ги поминала во нејзиното живеалиште во Скопје.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет