Премиере продолжи да ја игнорираш оваа КАМИКАЗИ ДОН КИХОТОВСКА КОМИЧНА ХАЈКА на Геровски против СДСМ и владата, остави го да се препелка во своите блефови, нека го доврши новинарското самоубиство, нити му одмагај нити му помагај, уживај иако во основа е тажна прича но има јаки комични моменти

Објавено на 23.07.2019 во 10:30:00 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Признавам, бев во грешка што му предлагав на премиерот да почне вербално да се расправа со Геровски кој со месеци ја клевети владата и СДСМ и пратеници на СДСМ за имзислени криминали и скандали.

Штетата е големза од таа хајка затоа што се работи за организирана операција па сите текстови на Геровски се преземени од десетици куртонски портали, Канал 5 телевизија е дел од таа операцикја, новинарите на оваа телевизија овие клевети потоа ги прашуваат на пресови со премиерот, а поради влијанието на Геровски многу сериозни медиуми и новинари тие клевети потоа ги преџвакуваат и се креира една невидена хистерија.

Небаре Геровски е баба ванѓа, ако он рекол, значи така е, нема можност за грешка.

Но премиерот добро направи што остави оваа хајка да се одвива сама и да се тркала по планина како лавина снег. Или ќе се удри и ќе се разбие или ќе ја прегази владата, во зависност колку има материјал во себе, дали е шуплива и блеферска кампања за помош на опозицијата или е сериозна операција за разголемување на голем криминал.

Во секој случај премиерот треба и понатаму да се однесува многу демократски и да остави медиумите да брујат и да урлаат. Самата истрага ќе ги замолчи. Самите докази кои ќе ги нема ќе ги покаже какви мајмуни се тоа кои се палат толку лесно.

А за хајката против Катица Јанева, е за тоа еден ден овие копилиња ќе се срамат. Вакво изживување со жената немало нити со Груевски нити со Мијалков нити со Филимена нити со Зврлевски нити со Јово Превара.

Да не зборам па за Ѕинго и Стојменов. Ваква нарачана безмилосна хајка не сме виделе на овие простори досега, и тоа е доказ колку глупи новинари имаме но и колку од нив се во долгото раче на ВЕМЕРЕТО!

Јас лично сум изненаден и шокиран, мислев ПР МАШИНАТА на ВМРО ДПМНЕ е растурена, ама сум бил во голема грешка.

Таа е тука и меле и меле, а ние ја потценуваме, но тоа е друга тема.

Премиере не влегувај во дуел со Геровски, тоа ќе го направи жртва, некаков дисидент, а он тоа го чека и сонува за тоа. Ќе заличи дека имаш нешто да криеш. Кулирај и уживај, иако во приказнава има многу тажни и трагични моменти но и јаки комедии.

Мудро направи што не влезе со него во дуел, иако ти прв си знаел за аферата РЕКЕТ и мудро си молчел затоа што си знаел дека сепак има нешто вистина во неговите писанија па ако го нападнеше ќе излезеше дека сакаш да го замолчиш и со тоа ќе заличеше дека го штитиш Боки и Зоки Кичеец. Мудро одиграно премиере, не смееш да дозволиш да те извалкаат со оваа афера, иако знаеш дека ти си ТАРГЕТ БРОЈ ЈЕДАН!

Дури и самиот Геровски се закани дека ќе тера серијал каде ќе те обвини тебе како нарачател на овие рекети. Очигледно тоа ќе биде предигра за предвремените избори кои не чекаат догодина. Геро очигледно ќе му помогне на ВМРО ДПМНЕ да те сруши од власт па макар и ширел лажни вести со користење на некакви прекари и кратенки за да се спаси од тужби за клевета. Очајно и бедно.

Но спокојно премиере, остави ги да се брукаат во своите ЛАЖНИ ВЕСТИ, Геро реши да биде новиот Васко Ефтов, и секој има прави да направи новинарско самоубиство, тоа е дел од личните слободи во една демократија.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија