ШУТКА ЌЕ БИДЕ ВМРОВСКИ ГРАД - ВМРОВЦИ ВО КУМАНОВО УКРАЛЕ 70 КАМИОНИ СО ПЕСОК: Четврта кривична пријава за поранешнoто раководство на Водостопанство!

Објавено на 22.07.2019 во 15:58:36 часот | Македонија

Четврта кривична пријава за поранешнoто раководство на Водостопанство

Директорот на Водостопанство Кумановско-липковско поле, Оливер Илиевски, денеска поднесе четврта кривична пријава против лицата Ф.Ф, С.Ѓ, С.Л, за сторени кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службената положа и овластување, измама во служба, фалсификување на службена исправа, проновера во служба, несовесно работење во служба, фалсификување или уништување на деловни книги, фалсификување на исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.

„Овие лица во 2016 година извршиле набавка на 992 m³ песок од стовариште и за истиот направиле фиктивни приемници во магацин и фиктивни испратници од магацин со фалсификување на потписи на вработени. За потрошениот песок не постојат работни налози ниту градежна книга. Од тука може да се заклучи дека истиот не е донесен во Водостопанство. Замислете Водостопанство кое е задолжено за регулација на речни корита од каде што се црпе песок, набавува сепариран песок од приватно стовариште. За споредба сега за една ипол година имаме потрошено 3 m³ песок. Имено со овој песок, заедно со огромната количина на цемент која ја набавиле би можело да се избетонираат 6.600 m², ваква зграда јас немам сретнато кај м.в Менкова Колиба, каде што напишале дека е употребен материјалот“ , - изјави Илиевски.

Тој го повика раководството на ВМРО-ДПМНЕ заедно со нивниот потпретседател, како еден од пријавените и другите двајца како високи партиски функционери, да покажат каде го уградиле песокот, бидејќи само за превоз на оваа количина на песок се потребни 70 камиони кипери.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет