Дуелот меѓу Камчев и СЈО е нефер битка, Камчев ги има сите медиуми на своја страна кои се тепаат за реклами од неговите десетина фирми, СЈО нема реклами!

Објавено на 22.07.2019 во 10:29:11 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Лесно е да ја клоцаш Катица Јанева. И да лупаш по нејзината порта и да се дереш ОТВОРИ ОТВОРИ КАТИЦЕ!

Но потешко е да отидеш на портата на куќата на Орце Камчев, дворец вреден 10-тина милиони евра. Ем може ќе изедеш ќотек од малиот батаљон приватно обезбедување, но она што е пострашно, ќе останеш без рекламите од неговите десетина фирми кои се големи огласувачи.

Затоа оваа битка не е фер! Олигарсите и мафијата секогаш ги имаат новинарите на своја страна затоа што имаат големи фирми со голем медиски буџет.

Сте се запрашеле ли зошто никој не пишува за судскиот процес на Телеком? Па Телеком има околу 1 милион евра буџет за релклами годишно!

Треба да си КАМИКАЗИ ЛУДАК за да се откажеш од парчето од тој мрсен колач.

Затоа нека не ве изненадува оваа НОВИНАРСКА ВРЕВА И ТЕПАЧКА И ХИСТЕРИЈА за тоа кај е Катица, лупањето по нејзините порти, врескањето итн...

Истите тие ГОЛЕМИ НОВИНАРИ кои сега се истакнуваат во хистеријата по Катица, никаде ги немаше кога требаше да се трча по Грујо, никогаш не им текна да затропаат на портите на Јово Превара, Марко Зврле и останати КУМОВИ И АДВОКАТИ НА МАФИЈАТА!

Разберете, нашите новинари се ЧКОПЕНИ ПИЧКИ, затоа мафијата победува 30 години, ги имаат , фатено за јајца кучињата кои треба да ги пазат овците!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија