ПУТИН МУ ГИ ИСПОРАЧАЛ МЕРЦЕДЕСИТЕ НА ДИКТАТОРОТ НА СЕВЕРНА КОРЕЈА КОЈ Е ПОД ТЕШКИ ЕКОНОМСКИ САНКЦИИ!

Објавено на 21.07.2019 во 15:53:00 часот | Свет

Како и покрај економските санкции, диктаторот на Северна Кореја успеа да си купи најнови Мерцедеси мајбах?

За одговор на ова прашање се погрижиле новинарите на CNN кои по осум месечно истражување конечно дошле до оговорот – возилата во Пјонгјанг се стигнати со шверц преку океанот.

Двете блиндирани возила на Maybach го напуштиле пристаништето во Ротердам на брод за Осака во Јапонија. Од таму, автомобилите биле префрлени на друг брод во Бусан, Јужна Кореја, без да ја поминат царината. Интересно, префрлени се на брод чија дестинација била Русија.

Во еден момент, системот за следење на бродот е изгаснат, а кога повторно е подигнат, брод веќе пловел во спротивна насока натоварен со јаглен, а без автомобилите.

Што се однесува до Русите и пристаништето во кое стигнал од Јужна Кореја, во досието нема испорака на автомобили.

Тука завршува трагата, а неколку дена по пристигнувањето на бродот во Русија, од истото место за Пјонгјанг полетале три авиони. Случајност или коинциденција?

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Свет

Македонија