Колку треба да си политички очаен и поразен за да излезеш на прес и кажеш дека Заеви немаат пари да си купат луксузно возило па морале да крадат од плацот на Камчев, а претходно 10 години го убедуваш народот дека Заеви тежат над 200 милиони евра?!?!?!

Објавено на 21.07.2019 во 11:01:36 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


ВМРО ДПМНЕ призна дека политички е клекнато на колена, поразено и очајно.

Како инаку да се објасни излегувањето на прес и убедување на јавноста дека Заеви немале пари да си купат луксузно возило па морале да крадат со рекетирање такво возило од плацот на Орце Камчев?!

Еј, претходно 10 години го убедуваш народот дека Заеви тежат 200 милиони евра, и сега вртиш со 100 километри на час у кривина и викаш ама чекај они немаат пари за лимузина па мора од Камчев да крадат за да се возат како што сакаат?!

Еј, фамилија која има фабрика за цигли со продажба од околу 5 милиона евра годишно, оранжерии, фабрика за ајвар и корнишони со извоз од 30 милиона евра годишно, градежна фирма, штедилница, менувачница, хотел и кој знае какви се компании со над 1000 вработени и кои тоа го прават уназад 30 години и да тврдиш дека не успеале да заштедат и заработат доволно пари за еден скап мерцедес, па треба да си ептен луд или празен во глата...

Да Камчев е безобразно богат, ама и Заеви не се за жалење. Па Заеви 10 години ја финансираат СДСМ, партија која месечно има трошок од 30 до 50 илјади евра само за основни режиски трошоци на централното седиште и над 50 локални штабови, значи гориво за колите, парно, струја, интернет, чистачки, кирија, вода, потрошен материјал хартија, тонери, водички, кафе...

Само тука Заеви имаат спичкано едно 5 милиона евра за овие 10 години.

Да не зборам па за сета хуманитарна активност и делење пари на болни, сиромашни, жртви на режимот кои заглавија по затвори, јавна тајна е дека има над 100 души на платен список кај Заеви луѓе кои изгубија се што имаат под чизмата на Груевизмот.

Уметници, писатели итн сета своја активност уназад 10 години ја должат на Заеви.

И сега човек да не знае што е поголема навреда, тоа дека Заеви се обиделе да украдат лимузини или дека немале пари за лимузини да си купат?!

Очајно тажно и гневно е во Белиот Дворец, но за тоа во следната колумна на Мактел...

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија