ДА НЕ СИ МУ ВО КОЖА НА МИЦКОВСКИ, НЕМА ЗА ШТО ДА СЕ ФАТИ ПА ЌЕ МОРА ДА МЕЛЕ ЗА БОКИ 13-КА НАРЕДНИТЕ 365 ДЕНА!

Објавено на 20.07.2019 во 11:40:47 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Меѓународна позиција на земјата - НАЈДОБРА ДО СЕГА!

Економијата и раст на животен стандард - НАЈВИСОКА СТАПКА НА РАСТ НА ЏДП, СЕ БЛИЖИМЕ ДО 500 ЕВРА ПРОСЕЧНА ПЛАТА!

Демократија - НИКАД НЕМАЛО ПОВЕЌЕ СЛОБОДА, СЕКОЈ ПУКА ПО ЗАЕВ КАКО ДА Е БОКСЕРСКА ВРЕЌА!

Меѓуетничка состојба - НАЈДОБРА ДО СЕГА, КОНЦЕПТОТ ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ ДАВА РЕЗУЛТАТИ, НЕМА ТЕПАЧКИ ВО АВТОБУСИ, НЕМА ТЕПАЧКИ НА КАЛЕ, НЕМА ДИВО НАСЕЉЕ, НЕМА ЗАРОБЕНИ СЕЛА ОД ОДМЕТНАТИ КОМАНДАНТИ НА УЧК!

Државен систем - КОНЕЧНО ИМАМЕ СИЛНИ ИНСТИТУЦИИ КОИ СЕ ДРЗНУВААТ ДА ПРОВЕРУВААТ И ОСПОРУВААТ ВИСОКИ ВЛАДИНИ ФУНКЦИОНЕРИ И МИНИСТРИ!

Криминал, корупција, владеење на право - ПРЕМИЕРОТ ПРВ ПРИЈАВУВА СЛУЧАЈ НА РЕКЕТ ВО КОЈ СЕ ВМЕШАНИ НЕГОВИ МНОГУ БЛИСКИ ЛУЃЕ, БОКИ И ШЕФИЦАТА НА СЈО!

Квалитет на живот - ВЛАДАТА ИСТУРИ 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА И ЦЕЛАТА ЗЕМЈА Е ГОЛЕМИ ГРАДИЛИШТЕ СЕ ГРАДИ НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, НЕКОЛКУ АВТОПАТИ, НЕКОЛКУ ЕКСПРЕСНИ ПАТИШТА, МНОГУ ЛОКАЛНИ ПАТИШТА, СЕ ПОКРИ ДОЛГОТ НА ОПШТИНИТЕ ПА ТИЕ СЕ ФАТИЈА ЗА ЛОПАТА; СТАРТ НА ГОЛЕМИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ, ВОДОВОДИ, ГРАДИНКИ, ШКОЛИ ИТН ИТН...

Социјала - ДУПЛИЊАРЕ НА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ, НАД 70 000 ДЕЦА ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ ДОБИЈАТ ДЕТСКИ ДОДАТОК, СЕ ВОВЕДУВА СТАРЕЧКА ПЕНЗИЈА!

И сега замислете вие сте лидер на опозиција и треба да срушите власт, за што ќе се фатите? За кој пусти стап да се фатите?!

Дури и Заев веќе не може да го кљукате со старите фори, Глобал, Евро за Вицето итн, и тоа е веќе стар снег и не пали веќе?!

Единствено што ви останува е цела година да го дрвите за Боки 13-ка и шпекулациите за Катица Јанева со што се пере ВМРО ДПМНЕ кое овие години гадно настрада од СЈО!

Но Катица веќе е минато, сега е Вилма, СЈО сега го нема, зошто уште збориме за Катица?

Затоа што ВМРО ДПМНЕ наместо да оди во дистанцирање од Будимпешта, тие сега цела година ќе го перат Грујчо за да може да го вратат?!?!

Ќе го прават жртва на рекетарското СЈО, ќе се обидуваат некако тоа да го закачат на Заев и СДСМ па и СДСМ да го означат како криминално и рекетарско, иако се свесни дека Заеви пливаат во милиони евра пошто ги бива за бизнис и немаат потреба да крадат туѓи пари за да си купат скапа облека и скапи коли.

Заеви возат Бентли уште од 2003-та кога им тргна бизнисот со ајвар, цигли, корнишони, штедилници итн, извезуваат низ цел свет, едноставно знаат како да направат пари, вработуваат 3000 народ.

Но мора да се лае и да се меле, кога немаш за што да се фатиш, ќе мора да измислуваш скандали, од ништо да правиш нешто, машината мора да меле, шоуто мора да продолжи како што викаше покојниот Фреди Меркјури од Квин.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија