ЕВЕ ЗОШТО Е ОВАА ОПЕРАЦИЈА ТОЛКУ МАСИВНА, СЕ Е ФРЛЕНО НА ОВАА КАРТА: ЗАД НАПАДОТ НАД КАТИЦА И СЈО, СЕ КРИЈАТ НАЈМАЛКУ ПЕТ ГОЛЕМИ ЦЕЛИ КОИ САКА МАФИЈАТА И ВМРО ДА ГИ ПОСТИГНАТ!

Објавено на 18.07.2019 во 19:20:37 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Има најмалку пет цели кои сака мафијата и ВМРО ДПМНЕ да ги постигнат со нападот над Катица и СЈО, затоа оваа операција е толку масивна, затоа толку пари се фрлени, затоа толку новинари се ангажирани, затоа што сите капацитети се ставени на оваа карта.

1. Се сака да се испере ВМРО ДПМНЕ и Грујо, се сака да се престават како жртви на една рекетарска криминална институција. Со тоа се сака и да се крене рејтингот на ВМРО ДПМНЕ за да може некако да се вратат на власт.

2. Целта е да се спасат олигарсите со чии пари потоа полесно ќе се вратат и оддржат на власт. Девизата е да си помогнеме едни на друго, по старата македонска НА-ТИ-ГО-ДАЈ-МИ-ГО!

3. Целта е да се рашири меланхолија и малодушност во општеството, најдрагоценото нешто за сите мафии и режими во светот. Сите да се исти, да нема идеали и принципи, сите да се криминалци, народот да се помири со тезата дека сите се расипани и дека не вреди да се бориш туку сите имаат цена...

4. СДСМ да се престават како исти лешпери како што наводно е Катица, дека промената на власт не била за идеали туку за кој да се докопа до власта и парите. Со тоа се атакува високиот рејтинг на Заев, за ВМРО ДПМНЕ некако да се врати на власт.

5. Се спасува и ДУИ од прогонот на СЈО, нешто за што ДУИ ќе му биде благодарно на ВМРО ДПМНЕ  при правењето на идната влада.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија