ШОКАНТНО - ДАЛИ Е ДУИ ВО ПАКТ СО МАФИЈАТА: Јово Вангеловски денеска куртули од разрешување – го спаси ДУИ

Објавено на 17.07.2019 во 17:51:33 часот | Македонија

Oдложена е точката на денешната седница на Судскиот совет да биде разрешен претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, дознава „А1 он“. Како четврта точка на дневен ред беше предложена расправа по извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, на која јавноста беше исклучена.

Причината, како што брифираат изворите на порталот е фактот што новоизбраниот член на Советот, Миљазим Мустафа, кој го предложи претседателот на државата, Стево Пендаровски, а чиј глас беше одлучувачки за да се изгласа нестручно и несовесно вршење на судиската функција, требало да се запознае со предметот во кој се бара разрешување на Вангеловски. Касно му стигнале материјалите. За Вангеловски се водеше постапка затоа што во кривичниот совет со кој претседаваше му го укина притворот на бизнисменот Сеад Кочан. Точката е одложена и за Рахилка Стојковска, за која исто така се предлага разрешување.

Мустафа, според извори на „А1 он“ важи за близок до ДУИ поради тоа што работел 14 години во извршната власт, како предлог на таа партија, па оттука прашањето дали Вангеловски му е должник на ДУИ, особено затоа што со начелното правно мислење на највисокиот суд, би запреле истрагите за лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за пропаднатиот попис и за Бујар Османи за предметот „Пациент“ на СЈО.

Иако извештајот беше позитивен за разрешување на Вангеловски, таа точка ќе биде ставена на дневен ред на некоја од следните седници на Судскиот совет.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет