КОЈ МОЖЕШЕ ОВА ДА ГО ПОВЕРУВА - СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ГЕРМАНИЈА НА БАЛКАНОТ: ПРИВЕДЕНИ 20 СТРАНЦИ КОИ НЕЛЕГАЛНО РАБОТЕЛЕ НА ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ!

Објавено на 17.07.2019 во 14:42:00 часот | Македонија

Foto

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и СВР Скопје приведоа 20 странски државјани што го злоупотребиле туристичкиот престој и во Скопје незаконски и непријавено извршувале работи на градежни објекти.

Во централното градско подрачје, соопшти денеска МВР, на градежен објект лоциран меѓу ул. „Ј.Мијалков“ и ул. „М.Х.Јасмин“, каде изведувачи на градежни работи биле неколку правни лица биле откриени: 11 државјани на Косово, по четворица државјани на Албанија и на Турција, како и еден државјанин на Иран, кои нелегално работеле на објектите.

Лицата, странски државјани се приведени во ПС Центар и во ПС К.Вода за натамошна постапка. Во консултација со Јавен обвинител, дополнително се преземаат активности за утврдување на одговорност на правните субјекти.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет