МАФИЈАТА ЗАТЕЧЕНА, МЕДИСКИТЕ КУЧИЊА ЗАПРЕПАСТРЕНИ: ЗАЕВ ЗАСТАНА ЗАД КАТИЦА - ДОДЕКА ТАА ИМАШЕ ХРАБРОСТ ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ ГОЛЕМИ КРИМИНАЛЦИ И МОЌНИЦИ, СИТЕ МОЛЧЕА И ШУПОТЕА КАКО БЕДНИ КУКАВИЦИ!

Објавено на 17.07.2019 во 13:34:38 часот | Македонија

Премиерот, Зоран Заев, рече дека тој не е  функционерот кој наводно се слушнал со специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева, непосредно пред да и биде одземен телефонот во истрагата за „рекет“. Според неофицијални информации Јанева се слушнала со висок владин функционер и со еден странски дипломат.

-Можеме да прочитаме се и се што во медиумите, јас можам да кажам за себе, не сум се слушнал со Катица Јанева, апсолутно не. Гледам дека седењето на компјутер е правење идеја како да се има примамлив текст за читање, но граѓаните можат јасно да оценат што е што – рече Заев на денешната прес конференција.

Премиерот им порача на новинарите да ги прашат дипломатите во Македонија ако сакаат да дознаат на кого му се јавила Катица Јанева.

-Ако некој со некого контактирал тоа можете сами да го утврдите во постапката, да ги прашате соодветните луѓе, Катица Јанева или дипломатите. На крај јавното обвинителство рече дека е отидено во нејзиниот дом, земен е само телефонот, не е правен претрес, се со цел да се утврди нејзина инволивраност, дали е тоа соучесништво или е само злоупотребена во оваа работа. Кога се работи за вакви личности за кои јавноста има заинтересираност, јавното обвинителство е должно да даде информација дали се работи за злоупотреба или употреба на Јанева во овој процес – рече Заев.

Тој посочи дека стои зад Јанева како личност додека не се докаже дека е виновна.

-Кога луѓе кои се бореле за правда и покажаа храброст во време кога сите шупотеа… и те како стојам зад таква личности, додека не се докаже дека е инвливирана во криминал секако дека стојам зад неа како личност – рече Заев.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет