ОРЦЕ КАМЧЕВ ИСПАДНА ГЕНИЈАЛЕЦ, НЕ СЛУЧАЈНО Е НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА БАЛКАНОТ, И НЕ ЗА ЏАБЕ 20 ГОДИНИ УСПЕШНО И БЕГА НА ПРАВДАТА!!!

Објавено на 16.07.2019 во 00:20:59 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Каков гение!!! Каков мастермајнд!

Ние сите го отпишавме, а тој вредно ткаел фина пајажина!!!

Замислете кој е тоа пеколен план!

Го викаш наивниот и болно алчен Боки 13-ка, знаеш дека е врзан со Катица Јанева која си го вработи синот во 1 ТВ и му нудиш милиони евра да ПРОБА да ја убеди Катица да му прогледа низ прсти.

Боки 13-ка можеби се обидел можеби немал ниту храброст ниту намера да проба кај Катица да влијае, но со тоа што ги зел парите, Боки 13-ка несомнено му зададе силен удар на СЈО од кој сега оваа легендарна институција се клати и тетерави во рингот!

И токму тоа и му беше намерата на Орце Камчев. Каков генијалец!

Притоа, додека ги давал парите, тој го снимал и потоа со своите медиски загари, Оливера Трајковска и Бранко Геровски тој со месеци полека ги рушеше темелите на СЈО со разни стории, напади, клевети, најави итн итн...

И на крај самиот Орце оди во ОЈО и ги пријавува Боки и Катица и нарачува стории кај Геро во кој сега е преставен како жртва човече!!!

МАЕСТРАЛНО ОДИГРАНО!!!

Потоа цел ден ечи бомбардирањето на СЈО од сите страни, те упаднале во станот на Катица, те на друга обвинителка, утре рејтингот на оваа институција кај народот ќе биде под 10%, со што се изврши медиско УБИСТВО на оваа институција!

Фалеше уште Фатиме да ни ја чепнат и вечерва ќе приумревме сите топтан!

Веќе ќе им се оствари сонот на ВМРО ДПМНЕ И мафијата, СЈО ќе загине неславно со се предметите кои ги има кај себе.

Или барем тоа е планот, но верувам дека на крај сепак оваа генијалност на Камчев ќе се изјалови и нема да успее до крај. 

Сепак она што е добро во целата приказна е што власта на Зоран Заев е нечепната во целата работа, со тоа што се доволи голема истрага власта се дистанцираше од целата збрка и остана нечепната.

Истрагата на крај ќе покаже дека Катица и СЈО немале никаква инволвираност во целата збрка која Орце му ја замеша на наивниот и алчен Боки 13-ка.

Ова е очаен но генијален обид на Орце да се спаси, но нема да успее.

Но штетата е веќе огромна. Извалкани се многу големи имиња. Големи новинарски бардови кои работеа во 1 ТВ сега се извалкани. Извалкани се големи обвинители но и политичари кои биле блиски со Боки 13-ка.

Неговата алчност за брзи пари и тоа многу пари направи огромна штета во земјава, но таквите искушенија се сепак дел од животот, ова е само лош ден кој сепак брзо ќе се заборави.

Реков и во друга колумна, не може еден Боки да го сопре процесот кој започна со Шарена Револуција.

Правда ќе има, мафијата ќе лежи, парите ќе се вратат, земјава ќе биде пристојно убаво место за живеење.

Тоа се такви тектонски процеси за кои овој ден се обично каменче мало кое ќе биде згмечено под тежината на времето енергијата и вољата на овие граѓани тука да ја видат својата земја нормална пристојна убава.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија