НЕ МОЖЕ ЕДЕН БОКИ 13-КА СО СВОЈАТА АЛЧНОСТ И НЕПРОМИСЛЕНОСТ ДА ГО УНИШТИ ОНА ШТО ПОЧНА СО ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА, ОВА Е САМО ЕДЕН ЛОШ ДЕН, НИШТО ПОВЕЌЕ!

Објавено на 16.07.2019 во 00:17:43 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Алчноста на Боки му нанесе голема штета на угледот на СЈО.

Фрлена е огромна цистерна со црна боја врз зградата на СЈО вечерва.

НО ЌЕ СЕ ИСПЕРЕ!

Не може еден Боки 13-ка и неговата алчност и немање на осет да уништи она што почна со Шарена Револуција.

Правда ќе има. Поредок ќе има. Ред ќе има. Мафијата сепак ќе оди на робија. Парите ќе се вратат.

Ова е само лош кошмарен ден. Тест за сите нас.

Сеуште верувам во СЈО и во Катица Јанева и во нејзиниот тим.

Нека мафијата слави само вечерва, но горки ќе бидат пијачките уште утре.

Битката денеска ја добија, но војната им е загубена, и тоа они би требало да го знаат, ама ќе го дознаат.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија