Ќе му се извини ли сега Геро на СДСМ и на владата за клеветите дека Боки дејствувал заедно со власта која го штитела додека овој рекетирал невини бизнисмени?!

Објавено на 15.07.2019 во 18:34:11 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


И сега? Ќе има ли извинување од Геро до СДСМ и до сите функционери по кои плукаше дека оделе заедно со Боки 13-ка да рекетираат македонски фирми?!

Го обвинуваше СДСМ и владата дека го штитат?!

Се покажа дека немало ништо од тоа, Боки на своја рака измамил тежок мафијаш и олигарх кому му ветил спас од ќорка но го измамил.

Нема рекетирање на фирми и бизнисмени со закани за нови бомби, нема спрега на Боки со владата и со функционери, нема ништо од големата фама што ја креваше Геро.

Очигледно добил задача од лутиот олигарх кој бил измамен да се почне хајка по Боки 13-ка како одмазда за пропаднатиот дил и изгубените 1,5 милиони евра.

Не беше само Геро пуштен во акција, и една позната новинарка која олигархот ја грабаше за врат пред некој ден беше пуштена да шири паника по Скопје за Боки рекетарот.

Ќе се извинат ли сега сите овие за ширењето на тие лаги?!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија