СПОРЕД ОНА ШТО ГО ЗНАЕМЕ ДОСЕГА, БОКИ Е МЕГА ЦАР: Му украл 1,5 милиони евра најверојатно на Орце Камчев, му ветил дека ќе го спаси од затвор ама го заебал!

Објавено на 15.07.2019 во 17:35:29 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Според она што го знаеме досега, Боки 13-ка му ветил на голем бизнисмен осомничен од СЈО, најверојатно на Орце Камчев дека ќе му помогне да се спаси од затвор за што добил 1.5 милиони евра а требало да добие вкупно 8 милиони евра.

Откако видел Орце дека нема ништо од договорот, го пријавил во ОЈО и преку своите новинарски кучиња нарача хајка против него. Дури му се закануваше и преку своите медиски кучиња дека ќе објави снимки, дека го снимал Боки на една од средбите.

Ако навистина јавната обвинителка не знаела ништо и немала никаква намера да му помогне, за што ќе утврди истрагата, тогаш Боки за мене е мега цар!

Да успееш да му украдеш пари на најголемиот апаш на сите времиња во земјава, е за тоа богами треба големи муда!

Но ако Боки 13-ка навистина имал намера да спасува од затвор криминалци и ако во тоа била вклучена и јавната обвинителка тогаш тоа е голема афера и скандал од големи размери. Тогаш Боки од херој ќе се претвори во обичен криминалец, бедник кој заслужува целосна осуда.

Но останува тоа да го видиме понатаму. Се надевам истрагата ќе открие се.

Засега, Боки 13-ка за мене е херој, голем мудоња и мадафака!

п.с Што мислите тој бизнисменот најверојатно Орце Камчев штом решил да дава толкави милиони евра за да куртули од затвор, мислите дека е чист или е тежок криминалец кој се обидувал да се спаси па откако видел дека нема ништо од договореното решил да ги пријави двајцата кои му ги земале парите а за возврат немало ништо од ветеното?!

п.п.с Се чудам зошто нема обвинение за тој што давал поткуп, нели и давањето поткуп е криминал?!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија