ЛУЃЕ, НИ СЕ СЛУЧУВА СПЕЦИЈАЛНА ВОЈНА И ВМРО ДПМНЕ Е ДЕЛ ОД ТАА ВАЛКАНА ОПЕРАЦИЈА: Еден ден после најголемата НАТО воена вежба на Балканот во Криволак, се појавуваат шпекулации за некакво загадување во Криволак и потоа се пушта снимка на Заев со руски комичари а Мицковски изјавува дека ќе го РЕ-ПРЕГОВАРА договорот од Преспа?!?!?!

Објавено на 10.07.2019 во 16:22:57 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Мислите дека е случајност што еден ден по завршувањето на најголемата воена вежба на НАТО на Балканот во историјата, со над 3000 американски специјалци, со тенкови па дури и стратешки бомбардер Б 2 кој го прелета Криволак, одеднаш се појавува прво сторија за некакво загадување во Неготино а потоа се пуштаат снимки на Заев со руски комичари?!

Мислите кој било може да му се јави на Заев и да го убеди дека е украинскиот премиер Порошенко?

Сигурен сум дека двајцата руски копуци целата операција ја правеле од некоја канцеларија во седиштето на ФСБ или ГРУ, првата е руската агенција за разузнавање а втората е русктото воено разузнавање, и двете заедно добро уиграни во изведувањето на специјални операции за ИНФО ВОЈНА и други потфати во интерес на руската држава.

Заев денеска призна дека руските наводни комичари му праќале фотки и му кажувале информации кои биле со намера да го убедат дека тие се Порошенко.

Мислите дека тоа може да го напраив било кој?! Па тоа се добро обучени руски оперативци маскирани како комичари.

Мислите дека е случајно што сторијата се појавува ударно на руската светска агенција РАША ТУДЕЈ?!

Мислите дека е случајно што денеска комичарите даваат интервјуа за сите македонски медиуми и влегуваат во навреди со македонскиот премиер, додека нашите глупи и ретардирани новинари им доволуваат да ја вршат таа СТРАНСКА ВАЛКАНА ОПЕРАЦИЈА со која се има за цел да се сруши македонската влада само неколку месеци пред завршувањето на влегувањето на Северна Македонија во НАТО?!

Мислите дека е случајност што овие денови Мицковски изјавува дека ќе го РЕПРЕГОВАРАЛ договорот од Преспа?!

Па тоа е идеална можност да се стопира влезот на земјата во НАТО затоа што Македонија ќе се согласи договорот да се ре-преговара што значи се паѓа во вода во ист момент?!

Нема да ме изненади ако се дознае дека Мицковски и ВМРО ДПМНЕ преку Унгарија добиле милиони евра руски пари за тој валкан план, само ВМРО ДПМНЕ да се врати на власт па по цена и да пропадне проектот МАКЕДОНИЈА ВО НАТО?!?!

Бидете внимателни, не бидете лесна мета на РУСКАТА ПРОПАГАНДА ВО ЗЕМЈАВА!!!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија