ГОСПОД ГО ЧУВА ЗАЕВ, ИМАШЕ СРЕЌА ПРЕМИЕРОТ: Русија го промаши голот и им заби гол на ВМРОНИТЕ!

Објавено на 09.07.2019 во 15:57:21 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


За малце! СТАТИВА!

И не само што не дадоа гол Русите, туку топката се одби и влезе во мрежата на ВМРОНИТЕ!

Заев можеше да каже такви луди работи во телефонските разговори што немаше да може да го спасат никакви извинувања, но Русите и ВМРО немаа среќа.

Заев по некакво чудо се воздржал да каже работи кои се крај за сечија политичка кариера.

Не само што не кажа компромитирачки работи за себе, тој излезе и херој?!?!

Еве што можеме да заклучиме од снимката:

1. Зоран Заев максимално и посветено се бори за Македонија и нејзината иднина во НАТО и ЕУ.

2. Zoran Zaev е отворен во комуникацијата и секогаш ги брани државните интереси.

3. Заев успеа, меѓу другото, да ја крене земјата и да го зачува македонскиот идентитет и јазик и лажните вести тоа не може да го сменат.

4. Заев вистински и реално ја поддрржува и се залага за признавање на МПЦ.

5. Тој е против промена на границите.

6. Лажните вести и манипулациите се оружје на оние кои не и мислат добро на оваа земја и не сакаат да бидеме дел од НАТО и ЕУ.

Изгледа господ го чува премиерот, сета таа негова побожност се чини му се враќа со добро.

Исто како што го чуваше господ на 27-ми април и никој не успеа да го утепа, така и сега се спаси од Русите.

Да се надеваме дека оваа среќа ќе го служи подолго, се додека ВМРО не се реформира, после нема да ни значи ништо кој ќе владее, но засега, Заев е единствената опција за земјава да оди напред!

Да се надеваме дека Русите нема да посегнат по некои пострашни методи за негова елиминација.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија