Захариева: Гоце Делчев би требало да нѐ обединува, а не да нѐ разделува

Објавено на 07.07.2019 во 15:05:00 часот | Македонија

Гоце Делчев би требало да нѐ обединува, а не да нѐ разделува, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за „БТВ“.

На прашањето чиј е Гоце Делчев – на Бугарија или на Македонија, министерката рече дека Гоце Делчев е заеднички.

„Имаме заедничка историја, така вели и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Она што сака да го каже Бугарија во овој договор, е вистината – Гоце Делчев е Бугарин, истакнат револуционер, еден од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономијата на Македонија. Не гледам што толку се караме за него, би требало оваа личност да да нѐ обединува, а не да нѐ разделува“, рече Захариева.

Таа односите со премиерот Зоран Заев ги оцени како добри, но рече дека потребно е да се изоди уште од патот кон заедничката доберба, истакнувајќи дека, сепак, знаците и почетоците не се лоши.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет