(ВИДЕО) ТИМОНИЕ: Франција не ги кочи македонските евроинтеграции

Објавено на 07.07.2019 во 12:38:23 часот | Македонија

Франција е на ваша страна на тој пат. Не знаме колку ќе трае тој пат и патот воопшто не е едноставен, но сме определени да помогнеме, само треба да утврдиме кој е билансот од реформските агенди. Но францускиот став сè уште не е донесен за таа тема, вели амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето дали Македонија и Албанија се заложници на желбата на францускиот претседател Емануел Макрон за реформирање на ЕУ, Тимоние вели дека треба да се види контекстот, во кој што говореше Макрон, дека тоа бил тежок момент, кој за среќа е надминат со назначувањето на новите лица на Европската унија.

-Тоа беше повод за да видиме дека нашиот систем на функционирање е доста сложен и комплициран и дека од оваа Европа очекуваме толку многу работи меѓу кои и одлучувачки систем. Идејата беше, која често тој ја кажува, дека европското проширување ќе може да се случи откако одлучувачкиот систем ќе биде таков, што ќе биде обновен затоа што во моментов не е задоволителен. Мислам дека треба многу подобро да се разбере таа забелешка така, како забелешка за одлучувачкиот процес во моментов, отколку како отпор, кој што тој го нема, затоа што отсекогаш кажувал дека местото на земјите од Балканот е внатре, во обновена Европска унија.

Станува збор за нетрпелив човек, нетрпелив во однос на функционирањето на Европа, затоа што Европа му е при срце. Но има идеја, да ја направи Европа вистински функционална, и способна да одговори на новите светски предизвици кои што се побројни и посложени. Верувам дека добронамерно го кажал тоа, дека тоа било добронамерно за европската изградба. Од другата страна, сите знаат дека кога ќе почнеме со проширувањето дека има долг пат за самите засегнати земји. И двете нешта не се исклучуваат едната од другата, вели Тимоние.

Тој ја отфрла забелешката дека Франција е кочничар на македонските евроинтеграции и најавува дека во октормври ова прашање ќе биде отворено.

-Ќе ги отвориме разговорите со нашите партнери и другите земји членки во октомври во однос на заклучоците од месец јуни. И тие заклучоци не водат до отворањето на тие разговори за оценка на извештајот на Комисијата во тоа време. Не можам да ви кажам какви ќе бидат тие заклучоци затоа што за тоа ќе се разговара меѓу сите држави членки. Тука го имаме прашањето за Албанија, но и за Северна Македонија, и најверојатно ќе се водат разговори кои што ќе овозможат да се земат предвид и напредувањата, во различните земји. Напредоци кои што кај некои земји се загрижувачки, а кај некои се позитивни, па потоа државите членки ќе разговараат дали е дојден моментот за отворање на преговорите.

Францускиот амбасадор истакнува дека Франција е на страна на Северна Македонија на евроатлантскиот пат, но не може да каже колку тој ќе трае, истакнувајќи дека тој воопшто не е едноставен, но се определени да помогнат и да го олеснат.

За тоа дали Франција ќе гласа за земјава да ги започне преговорите, Тимоние вели дека тоа зависи од проценката што ќе се направи од властите во Париз во зависност од агендите кои се испорачани.

-Тој став кој што беше јасно соопштен на потпретседателот на Владата Бујар Османи и на министерот Никола Димитров дека францускиот став сè уште не е донесен за таа тема… Идејата не е дека ќе се блокира процесот, туку прашањето што се поставува кај моите власти е следното: Дали едноставниот датум за почеток на преговори реално соодветствува со потребите на народите и на нациите од регионот. Дали можеби нема други гласови кои се корисни или неопходни на пример за подобрување на севкупните состојби во општеството, потоа поврзаност меѓу народите за таа агенда од мај 2018 та, затоа што очигледно е дека земјите ќе бидат вреднувани според сопствените заслуги, но сепак станува збор за мали земји по големина и кои што имаат потреба да соработуваат меѓу себе за да може да претставуваат додадена вредност во европската изградба. Некои од нив се уште имаат потешкотии кои што треба да ги решат меѓу себе. Потешкотии кои се од внатрешна природа, забележуваме со каква по тешкотија соработуваат опозицијата и мнозинството во одредени земји. Очекуваме, и тоа е мошне јасно дека ние очекуваме докази за тој капацитет да се работи заедно во изнаоѓање на компромис, но и околу генералниот и националниот интерес. Затоа за нашето јавно мислење потребно ни е да им покажеме дека овие земји испорачуваат позитивни сигнали во поглед на внатрешната стабилност, но и поседуваат капацитет да ги почитуваат нормите од владеење на правото, а не само да имаме фасади за владеењето на право, туку почеток на одредени реалности, и ние не сме слепи во тој поглед, затоа што знаеме дека тоа не може да се постигне преку ноќ. Станува збор за процес кој што не треба да постои само на хартија. Туку вистина дека постојат видливи докази за поседување за демократско функционирање и владеење на правото, вели францускиот амбасадор во интервју за Радио Слободна Европа.

Целото интервју погледнете го во видеото.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет