Деновиве сончево и многу топло, во среда нестабилно време

Објавено на 07.07.2019 во 12:17:22 часот | Македонија

Времето денеска ќе биде стабилно, сончево и многу топло, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во првите два дена од наредната седмица се уште ќе биде топло со температури до 38 степени, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во среда ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе допринесе да има опаѓање на температурата за 7 до 9
степени, велат од УХМР.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет