Рама: Денеска победија Албанија и европската иднина, благодарност до меѓународната заедница што и помогна на Албанија

Објавено на 01.07.2019 во 16:35:54 часот | Балкан

Премиерот на Албанија, Еди Рама, по затворањето на гласачките кутии одржа прес конференција каде изјави дека на локалните избори победила иднината, а изгубила опозицијата. Опозицијата ги бојкотираше изборите.

– Изминативе месеци на политички поделби беа инспирирани, охрабрени и организирани со цел да се спречи напредокот кон Европа, кон демократско обединување и кон интегрирање на Албанците. Иднината, државата и надежта победија денеска. Албанија и европската иднина победија денеска – рече Рама.

Тој и се заблагодари на меѓународната заедница, а испрати и порака на извинување. Според Рама, претставници од меѓународната заедница биле навредени од опозицијата.

– Ви благодарам САД, ЕУ, ОБСЕ и сите други од демократскиот свет кој придонесоа за оваа битка. Не само благодарам, туку имам и извинување до пријателите од странство кои беа предмет на срамен напад. Тие напади не посрамотија како земја и како народ. Нов ден ќе се роди сега и ќе ја најде Албанија ослободена од кошмарите – рече Рама.

 

 

* реклами:

loading...

Балкан

Македонија