СДСМ: Градиме по план, се реализираат 80 инфраструктурни проекти во вкупна должина од 700 километри

Објавено на 25.06.2019 во 13:26:13 часот | Македонија

Владата предводена од СДСМ за само година и половина во инфраструктурата успеа да направи многу повеќе од она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше цели 11 години. – велат од СДСМ.

Откако го наследи автопатот Миладоновци – Штип со бројни пропуст, и едвај направени помалку од 50 отсто, за кусо време автопатот целосно е изграден. Решен е проблемот со експорпријација на земјиште, поставени се заштитни мрежи, а во моментов се градат сервисни патишта и се прави поврзување на на патниците.

Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во вкупна должина од околу 700 километри. Она што е особено значајно, за првпат по 30 години истовремено се градат четири моста.

Одговорниот однос на Владата предводена од СДСМ во делот на инфраструктурата се гледа и во тоа што истата фирма која го гради автопатот Миладиновци – Штип за експресниот пат

Крупиште – Кочани дала трипати пониска цена за градежни материјали и изградба, односно трошоците за изградба на овој експресен пат е за трипати пониска од трошоците за изградбата на автопатот Миладиновци – Штип.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на развој и унапредување на патната инфраструктура, продолжува реконструкцијата и изградбата по план на патни правци низ целата држава. – порачуваат од СДСМ.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет