ДРАМА ВО ХОЛИДЕЈ ИН, ТИМОНИЕ ПРЕДИЗВИКА ОТВОРЕНА КАВГА СО МОДЕРАТОРОТ: ЗОШТО СТЕ ТОЛКУ ОПСЕДНАТИ СО ДАТУМОТ, БЛЕСАВО Е ДА БАРАТЕ ДАТУМ ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИ, УШТЕ ИМАТЕ ПРЕМНОГУ ПРОБЛЕМИ!

Објавено на 24.06.2019 во 13:36:59 часот | Македонија

Францускиот амбасадор Тимоние предизвика шок во Холидеј Ин со својот настап во кој практично како да најави дека нема да добиеме датум нити во октомври:

- Што сте запнале со тој датум? Па имате толку многу проблеми. Во Струга градоначалникот се однесува скандалозно, УНЕСКО ќе ви го одземе статусот на Охридско Езеро, имате толку многу корупција, се менуваат директори на школи на дилетантски начин, блесаво е да барате датум за преговори овој период, имате толку многу проблеми, ќе треба уште да работите за да бидете спремни за датум, чудна ми е таа ваша опседнатост со датумот! Ние не треба да ве оставиме изолирани без пат кон ЕУ но не треба ниту да ви прогледуваме низ прсти.

На ова модераторот Васко Попетрески го праша:

- Добро ако ние не сме спремни, како тогаш Србија преговара а владее режим на Вучиќ, како Црна Гора преговара кога немало политичка промена на власта 30 години?!

На тоа Тимоние одговори дрско:

- Епа еднаш се изглупиравме, по втор пат нема да се изглупираме. Тезите дека еве ќе почнеме преговори па после додека преговараме ќе се реформираме не држат. Нема да се случи тоа разберете, имате мнногу проблеми и не треба да се правиме слепи пред нив.

По својот говор, Тимоние на сред конференција стана и ја напушти салата во Холидеј Ин.

На панелот меѓу другите беше и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет