ПРЕМИЕРЕ, НЕМАШ ИЗБОР, ЌЕ МОРАШ ДА ПОБАРАШ ОСТАВКА ОД КУРТО ДУДУШ, ПОМИНАТА Е ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА ДЕБЕЛО!

Објавено на 22.06.2019 во 19:47:47 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Премиере, соочен си со најголемиот скандал досега на новата власт.

Градоначалник тепа вработен во општината, го тепа во просторија во општината, му се заканува дека ќе го намести во затвор итн итн...

Снимката е скандалозна до коска. Ова е вистински скандал. Се досега беше шминканко пумпано од страна на опозицијата и оние кои те мразат, но ова е чист скандал, чист како солза. И многу сериозен скандал.

Знам дека сето ова го знаеш, ама јас сум должен да си кажам, таква ми е работата.

Мое е да апелирам до тебе јавно да го повлечеш потегот и да не чекаш многу и веднаш како СДСМ да побарате оставка од Курто Дудуш.

Курто е наш пријател, но секој греши и треба да си ги носи последиците од тоа.

Ако ова не успеете добро да го изменаџирате, ќе имате голема црна дамка во досегашното владеење.

Ајде, време е за акција, вакви моменти беа за очекување, не може секаде се да тече глатко, гафови мора да има, прашање е како се реагира на нив.

Верувам дека ќе донесеш мудра и принципиелна одлука. Ова е нашиот ДИМЕ СПАСОВ момент, да не се избрукаме премиере.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија