ТЕШКО НА СВЕТОТ СО ОВАА БУДАЛА: Трамп се предомисли и ја повлече наредбата за напад врз Иран

Објавено на 21.06.2019 во 19:23:30 часот | Свет

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри напад врз Иран поради соборување на американското беспилотно летало, но по неколку часа тој се повлече и го откажа нападот, пишува „Њујорк тајмс”.

Трамп, како што наведува неименувано официјално лице запознато со ситуацијата, првично одобри неколку воздушни напади врз радарите и ракетните системи.

Било планирано воздушните напади да се спроведат рано утрово, со цел ризикот за населението да биде најнизок.

Официјалниот претставник за „Њујорк тајмс“ изјави дека авионите биле во воздух, а бродовите биле на позиции, кога пристигнала наредбата за повлекување од нападот.

Нападот на САД би бил одговор на соборувањето на набљудувачкиот дрон вреден 130 милиони долари.

„Њујорк тајмс“ додава дека засега не е јасно дали нападот врз Иран, на крајот, сепак ќе биде извршен. 

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Свет

Македонија