Срам да ти е Бојко Борисов, твојата изјава не е братска туку душманска!!!

Објавено на 21.06.2019 во 11:14:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Срам да ти е Бојко Борисов.

Да се радуваш јавно што Северна Македонија не добила датум за преговори, тоа не е братски чин, тоа е душмански чин.

Па уште и да се закануваш дека ќе и наштетиш на државата, па дури и да се фалиш дека можеби ти си помогнал земјата да добие кочница за датумот, тоа е чисто душманство.

Зошто брате Бојко? Затоа што не сакаме да попуштиме пред ултиматумите и уцените да признаеме се што барате од нас? 

Каде е компромисот? Каде е толеранцијата и разбирањето за разликите кои постоеле еден век, сега ли сакате да се тоа надмине за 1 месец преговори?

Зошто не дадете рок од 10 години, тие преговори да траат подолго, а во исто време да има јавни тв дебати, тв емисии, да се спреми јавноста од двете страни за компромис?

Каде брзате? Па ние ќе сме соседи наредните 100 милениуми, нема да се смени тоа?

Или начекавте кога сме на колена па удри, тоа ли е братски Бојко?

Срам да ти е, многу ја разочара Македонската јавност, ова е чист нож во грбот, а ножевите од блиските најмногу болат!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија