ГЕРО, КАЖИ КОЛКУ ПАРИ ДОБИ ОД СТОЈМЕНОВ И ЅИНГО ЗА ОВОЈ КОМИЧЕН ОБИД ДА ЈА УНИШТИШ 1 ТВ НА БОКИ 13-КА?!

Објавено на 20.06.2019 во 22:32:13 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Туф, туф, Боки 13-ка бил фрик, трошел многу пари на кондури. Носел сомнителни пари од Србија?!

А што, Стојменов и Ѕинго да не се поарни? Они не возат поршиња, немаат хациенди на Водно на кои може да им позавиди и Рокфелер?

Па Ѕинго Мали уште во 1997-ма живееше како барон, пред мои гладни очи како тогашен фудбалер во ФК Силекс гледав како на градски го хранеше својот булдог со батаци и кременадли, а ја тие ги јадев во Кратово еднаш месечно, нема никад да ја заборавам таа забегана сцена во мојот живот...

Работниците на Силекс гладни со 100 марки плата поминаа 10 - 20 години додека Ѕинго живееше како фараон.

Стојменов од никој и ништо преку министерската позиција во финансии во 1998-ма преку ноќ стана мулти милионер. Потоа токму СДСМ му даде и телевизија.

Со Груевизмот намлати десетици милиони евра. 

И сега Ѕинго и Стојменов се цвеќиња, ти со Боки со фатил да биеш битка и тоа на рекла казала муабети, ах бе Геро бе стоко една бесрамна.

Па што ќе беше ако за тебе почнеа да пишуваат сите такви измислени рекла казала муабети, зарем не ти е срам бре БАРДУ новинарски што на стари години се спушташ на вакво дереџе да пишуваш како Марјан Доказ, ало бре си бил предавач на виша школа за новинарство бре суртук?!

Туку кажи, колку пари ти дадоа Ѕинго и Стојменов за да плукаш по Боки 13-ка и да ја уништуваш неговата 1 ТВ каде работат над 100 новинари, камермани, техничари...

Плачеше за уништувањето на А1, сега самиот си во првата борбена линија да пробаш да уништиш нов медиум кој храбро се раѓа со силни бардови новинарски како што се Костова, Борјан, Кабранов, Ордановски, Чомовски...

Што е, гневен си што не ти дадоа емисија? Што не те поканија и тебе? Па малку ли медиуми уредуваш, уште колку сакаш?

Еј шуруваш со едни битанги и бараби како Ѕинго и Стојменов против твоите колеги со кои си бил и во иста редакција и си војувал заедно против режимот, гнасо една продадена суетна забегана скрената од склероза или кој знае што...

Како само бедно тресна на дното, жална е таа приказна! Трагична!

И пази, главна теза е дека Боки многу трошел на кондури еј... Па си ги видел ли бре ти Поршињата на Стојменови, Ѕинговци и Камчевци? Нивните јахти во Солун? Нивните авиони, мајбаци, па тоа се милиони евра во прашање, колку шлепери кондури треба Боки да догура од Милано за тоа да го контрира, ах бе Геро бе копук еден, комедијо една платеничка патосирана!

Па сега се обидуваш и да наместиш некој од уредниците и да го скараш со Боки, сакаш да внесеш раздор таму во колективот, како си тргнал нема да ме чуди да влеташ во тоа екс Томато хангарот и да се разнесеш со динамит, ебати тоа лудакот ненормален!

Наместо да си среќем што конечно се раѓа силен тв медиум налик на некогашната А1, медиум кој нема да биде КУРТОНСКИ туку критичен, силен, што ќе се појача она вистинско тв новинарство што веќе го има во ТВ 24 и Телма но кое требаше да се засили за да се контрира на куртон мафијашите од Канал 5, Сител и Алфа, ти отвори битка против тој медиум и тоа од чист хир и матни интереси за да слугуваш на мафијаши и да уќариш некоја пара.

Па како можеш тоа да си го дозволиш? Самиот знаеш колку е тешко да се креираат медиуми, самиот си креирал медиуми од нула, со многу донации од Сорос, зошто вака терористрички атакуваш против колегите, што ако навистина твоите клевети вродат со плод и телевизијата пропадне, кај ќе ти оди душата новинарска, ако ја имаш?!

Но нема да ти успее обидот, само ќе се само-разнесеш како новинар како човек, ќе се разголиш колку си беден, но обидот за кој си платен нема да ти успее.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија