За непотизмот во СДСМ една работа која многу малку од вас ја знаат...

Објавено на 19.06.2019 во 11:27:30 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Она што многу малку луѓе во земјава го знаат е дека над 90% од претседателите на ограноците на СДСМ низ градовите самите се невработени а да не зборам пак за нивните брачни партнери.

Грозната вистина е дека СДСМ беше таргет на диктаторска пресметка и СОТРУВАЊЕ каде луѓе беа уништувани, апсени, бркани од работа, деградирани...

Сега дојде време овие луѓе да си го добијат заслуженото, она што го имале пред да се појави црната чума наречена ДИКТАТУРА НА ГРУЕВСКИ!

И сега тоа нам ни личи како непотизам и партизација на државата.

А всушност станува збор за ИСПРАВАЊЕ НА НЕПРАВДИТЕ од 12 години РЕЖИМ на ВМРО ДПМНЕ!

Тоа е вистината и малку луѓе тоа го знаат. 

Има во моментов министри, потсекретари, пратеници чии брачни партнери сеуште се без работа затоа што биле избркани од работа во периодот 2006-2016 само затоа што се во брал со истакнати членови на СДСМ.

Ова јавноста треба да го знае!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија