РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ НА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА КОМПАНИИ ОД ВИЗБЕГОВО

Објавено на 18.06.2019 во 12:49:30 часот | Македонија

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека траат градежните работи за реконструкција на дилатационите фуги на мостот на реката Серава, на булеварот Никола Карев, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот. Санацијата на мостот се изведува во летните месеци поради очекуваната помала фреквенција на возила во градот, а поради природата на работите и градежните материјали што се употребуваат сообраќајот на оваа делница се одвива отежнато.

Последната реконструкција на дилатационите фуги на мостот на реката Серава била направена во 2006 година. Екипите на Градот Скопје ја почнаа реконструкцијата за да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот, односно да не настане поголемо оштетување на конструктивните елементи на мостовската конструкција, имајќи предвид дека дилатационите фуги на овој мост подолго време беа оштетени. Важно е да се напомене и дека мостот на реката Серава е на сообраќајница која е оптоварена со патен сообраќај и е врска со магистралниот пат кон Република Косово, односно е делница по која минуваат тешки товарни возила поради што мостот претрпува дополнително оптоварување.

Во текот на градежните работи, на мостот се изведува бетонирање со МБ – 40 и поставување арматура со високи карактеристики. Важно е да се напомене дека по бетонирањето е потребно време за таканаречено созревање на бетонот, односно постигнување на неговатацврстина. Тој процес, според важечките прописи и стандарди трае 28 дена, додека бетонот не ја достигне бараната цврстина. Реконструкцијата на овој мост е планирано да се изврши во рок од 60 дена, но поради процесот на зацврстување на бетонот (28 дена) градежните активности на терен се изведуваат само во текот на 4 дена.

Бетонирањето се врши на двете коловозни ленти засебно, односно, прво се затвора едната коловозна лента додека другата е во функција и се чека потребната цврстина на бетонот да ја постигне бараната вредност. За тоа време во тек на 28 дена по едната коловозна лента не се одвива сообраќај и не се одвиваат и други градежни активности. По постигнувањето на бараната цврстина на бетонот се поставуваат анкери и се затегаат до потребната сила. Потоа, истата постапка во тек на 28 дена се повторува и по другата коловозна лента.

Рокот на изведба на оваа реконструкција согласно со договорот и проектната документација е два месеца, односно до 02.07.2019 година.

Приоритет на Градот Скопје е квалитетното одржувањето на градските сообраќајници и на мостовите што гарантира поголема безбедност и непречено одвивање на сообраќајот.

 

Со почит,

Град Скопје

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет