ФЕТАИ ЈА ИЗНЕНАДИ ЈАВНОСТА: Со тоа што го пуштивме Камчев да патува во странство, и заштедивме на државата над 10 милиони евра!!!

Објавено на 18.06.2019 во 10:10:19 часот | Македонија

- Врховен суд донесе одлука дека СЈО не смее да гони после 30 јуни 2017-та, и сега поради таа одлука можно е нашиот процес ИМПЕРИЈА да падне на суд, па водевме сметка да не го оштетиме буџетот на државата ако не му дадеме на Камчев да патува па поради тоа пропаднат неговите банки, болници и фарми, па тогаш тој веројатно ќе бараше оштета од државата и ќе се направеше страшна штета врз буџетот од над 10 милиони евра. Ние мораме да  водиме сметка и за тие работи, не може да се однесуваме како да сме обвинителство кое не води грижа за економичноста на постапките, мораме да водиме ред и за народните пари. Да не беше одлуката на Врховен Суд, Камчев веројатно немаше да излезе од притвор. Да ве потсетам дека таа одлука е донесена баш во моментот кога Камчев и Панделески беа во притвор во Шутка, значи некој вртел телефони и фаќал врски во Врховен Суд.

Обвинителката Фатиме Фетаи во интервју на 1 ТВ.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет