(ФОТО) ОВА Е ДА СЕ КРСТИ ЧОВЕК, ВО ЗЕМЈАВА Е СЕ ИЗМЕШАНО: Муса Џафери и Латас на ручек во ресторан во Скопје

Објавено на 17.06.2019 во 18:39:41 часот | Македонија

Поранешниот вицепремиер и член на ДУИ, Муса Џафери во познат ресторан во Скопје бил фотографиран со Драган Павловиќ – Латас, пренесе Алмакос.

Поранешниот вицепремиер и еден од највлијателните луѓе на ДУИ, Муса Џафери важеше за близок со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тоа се потврди и преку “бомбите” кои ги објави Зоран Заев.

Неодамна неговото име повторно беше ставено во контекст на прислушувани разговори поврзани со “Диво насеље” кои беа објавени на социјални мрежи.

Она што ги зближи Латас и Џафери беа бомбите кои ги објавуваа Зоран Божиновски и Палчо во кои се слушна за швалерките на Латас и Џафери, па Латас и ДУИ издејствуваа кај српската влада Зоран Божиновски да биде екстрадиран во Македонија, наводно на самото апсење присуствувала лично Ивона Талевска во Белград.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет