ГРУЈО ЌЕ БИДЕ НАЈБАРАН КРИМИНАЛЕЦ НА ЛИСТАТА НА ИНТЕРПОЛ: Ќе се бара екстрадиција за Груевски како организатор на 27 април

Објавено на 17.06.2019 во 14:18:30 часот | Македонија

Поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, државата ќе го бара со екстрадиција од Будимпешта за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, пренесе А1он.

Министерката за правда, Рената Дескоска, на настан организиран за функционирањето на АКМИС системот, рече дека досието е комплетирано и ќе биде испратено до унгарските власти.

„Целокупното досие за 27 април од Обвинителството и судот, стаса минатата недела. Деновиве ќе биде испратено до Будимпешта“, рече Дескоска.

Државата веќе половина година го бара Груевски од Будимпешта за двегодишна затворската казна за набавката на „мерцедесот“ во предметот „Тенк“ на СЈО и за останатите предмети.

 

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет