Аман бе друже Заев имај милост, спаси не: Дај прај го тој проклет режим веќе еднаш, нема куртул од Мицковски и Влатче Ѓорчев на медиумите

Објавено на 16.06.2019 во 23:24:55 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


ВМРО ДПМНЕ го нарекува Заев диктатор и неговата власт режим и хунта.

Која бре црна хунта, денеска ако отворите фејсбук врие од линкови од стотици портали кои сите го пренесуваат говорот на Мицковски каде он се глупира и збори како заев бил на колена?!?!

Ццц која будалетинка, која шушумига, па кој мисли дека ќе му верува на овие блефови и приказни за мали деца?!?!

Ако беше навистина режим, овој настан ќе го имаше само на 10 медиуми и толку, целосно ќе беше покриен со црна пропаганда или па со молк.

Но не е така, солидно, коректно пренесен настан од роденденот на ВМРО ДПМНЕ, па дури и Влатќе Ѓорчев во вестите на ТВ 24.

Кога веќе е обвинет дека е диктатор, една молба до премиерот, аман друже Зоки до кај е тоа режимот, дај прави го веќе еднаш умревме, окапавме, не може да куртулиме од глупостите на Мицко и Влатче по ова медиумите, кај ги слушавме 12 години, па шоуто уште продолжува, нема спас!!!

АМАН ЗАМАН ИМАЈ МИЛОСТ ПРЕМИЕРЕ, СПАСИ НЕ!!!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија