Браќа Бугари, со сила убавина не бива, имајте малце разбирање и трпение за нашите ставови и гледишта за заедничката историја

Објавено на 15.06.2019 во 23:23:14 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Почна да стаанува тензично во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија откако комисиите за историја заглавија кај Гоце Делчев.

Почнаа жестоки изјави и канонади од страна на Бугарија, засега нема големи потреси во Северна Македонија, но прашање е до кога ќе може владата на СДСМ и ДУИ да молчат на бруталната РАСПАЉОТКА со голем калибар од Бугарија.

Затоа што сепак во една демократија, рејтинзите се тие што одлучуваат и ако СДСМ и ДУИ молчат премногу можно е тоа да го платат на следните избори со огромен пораз.

Затоа важно е Бугарија малце да намали со БОМБАРДИРОВКАТА затоа што ќе го убие, политички својот најголем пријател што некогаш го имала од 1903-та па наваму, Зоран Заев и неговата влада.

Ги молам браќата Бугари да имаат малце разбирање за нашите ставови, мислења и сваќања за историјата. 

Сепак, предку 50 години сме живееле во два различни света каде Македонија била под жестока СРПСКА пропаганда па дури и Југословенска пропаганда каде се одело на тотална изолација и одвојување меѓу Македонија и Бугарија па дури и прогласување на Бугарите за најголеми крвни непријатели на Македонците и тоа секогаш и во сите времиња.

Ќе треба да помине време за нештата да си дојдат на свое место и да се увиди дека ние со Бугарите имаме многу блиски точки кои можат да направат една силна небробојна плодна врска меѓу Македонија и Бугарија, но за тоа ќе треба време и трпение.

Бугарија ќе треба малце да се потруди не со закани и сила, туку со труд и работа за тоа да се случи.

Прво, ајде веќе купете една голема телевизија во земјава и почнете да ја спремате јавноста за иднината. Како очекувате нештата да се сменат кога се уште на сите главни телевизии најгледани филмови и серии се партизански фолмови и серии од екс Југославија...

Ни требаат дебати, дружење, зближување, симпатии, љубнов, тоа ни треба, инаку омразата ќе ја диктира дебатата и за историјата и за политиката и за се друго!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија