ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ БАРААТ НОВ МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ДА БИДЕ ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ!

Објавено на 10.06.2019 во 20:57:57 часот | Македонија

Георгиевски е магистер по земјоделски науки и според информациите кои ги добиваме од неговите соработници во моментов е еден од најкомпетентните луѓе на владеачката партија за овој ресор.

Обидувајќи се да дознаеме повеќе за Гоце Георгиевски, дојдовме до податоци кои ги потврдуваат информациите. Имено, во својата професионалната позадина Георгиевски има редица ангажмани од домашни и меѓународни проекти за развој на земјоделството. Бил стипендист на Вишеградскиот фонд за истражување на квалитативните аспекти на автохтоните сорти на домати и има учествувано на повеќе научни сипозиуми од областа на земјоделството. Како автор и коавтор има учествувано во изработка на повеќе студии од областа на развојот на градинарството, има објавено пет публикации во специјализираното списание Моја земја и повеќе научни трудови во домашни и меѓународни списанија.
 
 
Од партиски извори потврдуваат дека засега најзвучно име за наследник е токму Гоце Георгиевски, а поддршка има и од повеќе асоцијации.
 
Инаку, досегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски е најдобриот министер досега што ова министерство воопшто го имало, токму заради неговата посветеност, одлучност, политиките, соработката со земјоделците и асоцијациите, редовната исплата на субвенции, многуте објавени повици за земјоделците, рекордно одобрените апликации, и уште многу други позитивни промени.
Токму затоа „Современо Земјоделство“ му оддаде признание со тоа што му додели плакета за најуспешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2018 година.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет