СДСМ УДРИ ЈАКО ПО ТАЛИБАНЦИТЕ: Мицкоски беше советник на Никола Груевски, тој ги чинеше граѓаните два милиони денари, а последиците од неговото советување се чувствуваат и денес, тоа е реперот на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на 31.05.2019 во 20:51:02 часот | Македонија

 

Наместо да честита за напредокот во реформите, за безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ и најпозитивниот извештај од Европската комисија, ВМРО-ДПМНЕ очајно тоне.

Од „заробена држава“ за само 2 години нашата земја е „светол пример“ за целиот регион. Нека учи ВМРО-ДПМНЕ како се сака  татковината и како се работи за нејзината иднина и иднината на граѓаните.

Напредокот на земјава е аргумент со кој ВМРО-ДПМНЕ не може да се споредува.

Граѓаните знаат дека советник на Никола Груевски беше токму Христијан Мицкоски кој ги чинеше граѓаните над два милиони денари. 

И за овој ангажан, платен од граѓаните, Мицкоски лажеше, најпрво дека не бил, а потоа и дека не добивал надоместок како советник на Никола Груевски.

Додека Мицкоски го советуваше Груевски за енергетика, беше укината евтината дневна тарифа на струјата, цената на електричната енергија поскапе за 100 отсто, а државата беше целосно зависна од увоз на скапа електрична енергија.

Во овој период Мицкоски добива и државно земјиште од Владата на Груевски за неговиот бизнис со хидроцентрали.

Земјава беше заглавена во калта, презадолжена, изолирана, а граѓаните тонеа во сиромаштија додека Мицкоски си тераше бизнис.

Граѓаните, се уште ги чувствуваат последиците од советите на Мицкоски, еден од над 90 советници на Никола Груевски.

За разлика од времето кога огромниот број, нивните имињата и надоместоците на советниците на Никола Груевски и Емил Димитриев беа сокриени од граѓаните, денес јавноста е целосно запознаена со сите информации за советниците во кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Сите ангажирани советници на премиерот се ставени во функција на реализација на програмските определби што се во интерес на граѓаните и ја движат државата напред кон целосна интеграција во ЕУ и НАТО. 

 

Скопје,  31.05.2019                                       ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет