Тачи: Вучиќ знае многу добро дека не може да тргне кон Косово

Објавено на 30.05.2019 во 00:24:29 часот | Балкан

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, изјави дека е популистичка одлуката на претседателот на Србија, Александар Вчиќ, да ја подигне борбена готовност на српската војска.

„Претседателот на Србија добро знае дека не може да тргне кон Косово. Тоа е нешто невозможно и незамисливо и он е самиот убеден во тоа. Сепак, за секој случај, институциите на Косово, вклучувајќи ги и безбедносните служби на Косово, се во состојба на готовс. Популистичките изјави не се закана за војна, туку само за внатрешна употреба за да се добие што повеќе поддршка во Србија“, вели Тачи.

Во врска со акцијата на косовоската полиција на северот од Косово, Тачи рече дека е уапсен и Русин, за кој, како што рече, бил маскиран со статус на дипломат и кој имал за цел да ја опструира полицијата.

 

 

* реклами:

loading...

Балкан

Македонија