Тензично на Косово: Уапсени 13 српски полицајци и шефот на полицијата во Зубин Поток, Вучиќ прогласи борбена готовност

Објавено на 28.05.2019 во 10:43:33 часот | Балкан

Припадниците на специјалната единица на Косово утрово околу 6 часот упаднале на територијата на сите четири српски општини на северот од земјата, јавуваат РТС, пренесува „Блиц“.

Српските медиуми информираат дека во акцијата се уапсени 13 Срби, припадници на косовската полиција вклучително и шефот на полицијата во Зубин Поток.

Акцијата ја изведува специјалната единица РОСУ во која 100% се Албанци обучени и опремени од ЕУ и САД.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека специјалните сили утринава спровеле операција за апсење во општините во северниот дел на Косово и, нагласи дека тоа е „операција против шверц и организиран криминал”.

„Во северните општини во Косово се спроведува операција против шверц и организиран криминал во рамките на нашата посветеност на владеењето на правото за сите. Потврдувам дека таа операција е насочена против организираниот криминал, и цел се полициски и царински службеници. Ги повикувам граѓаните да останат мирни”, објави Харадинај на Твитер.

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди пред 11 дена дека властите во Приштина се подготвуваат да уапсат Срби од косовската полиција и истакна дека Приштина ќе ја правда таа акција, наводно, со борбата против криминалот.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ наредил целосна борбена готовност на војската.

 

 

* реклами:

Балкан

Македонија